Славиме заедно 1 година Гемак веб продавница

Го славиме првиот роденден на нашата веб продавница. Започнавме на 06.05.2020 и пред нас беше една од најпредизвикувачките години до сега. Една година подоцна, повеќе од 500 нарачки, над 2500 продадени производи, 7 успешни кампањи и сето тоа благодарение на нашите корисници, кои овие 365 дена ја направија оваа приказна успешна.

Ви благодариме за секоја нарачка во изминатава година!

Се надеваме дека заедно ќе славиме уште многу родендени, а на нас останува и понатаму секојдневно да доставуваме среќа до вашата адреса.

Cheers!