Maliqi Group претставува Холдинг од 10 постоечки и престижни компании во Македонија и Косово, кои во изминативе 30 години работат по врвни светски трендови и се синоним за лидерство на пазарот.Водени од амбицијата за нови деловни подвизи и желбата да се освојат што повеќе пазари и клиенти, Maliqi Group го прошири својот домен на работење во неколку сегменти и тоа: дистрибуција, угостителство и градежништво.Gemak, Gekos, Maliqi Construction со странски инвестиции во Rajana Engineering, Hindenburg Germany, Gemak Telecommunication Services, Enternet, Vala distributer, Parklend, Immoreks и Cactus construction се компании кои инспирираат прогрес, лидерство и и претприемништвото во регионот преку почитување на традицијата, транспарентно работење и обезбедување врвен квалитет. Вредностите кои четиристотини вработени во Maliqi Group ги негуваат и внатрешно и кон засегнатите страни се дел од семејното наследство и се длабоко вградени во секој сегмент од бизнисот.