Гемак Траде е приватна компанија и клучен столб на Малиќи Груп, една од Топ 10-те компании за дистрибуција и увоз на производи за широка потрошувачка во Северна Македонија и тим од над 90 професионалци. Со 35 годишно конзистентно присуство на пазарот, Гемак е признат лидер во дистрибуцијата на тутун, интернационални алкохолни пијалоци и FMCG производи, стратешки партнер на светски познатите брендови како што се: as Imperial Tobacco Group, Diageo, Giffard, Evian, BBC Spirits, Olvi Group, Vicente Gandia, Les Grands Chais de France (LGCF), Fantinel како и други регионално реномирани принципали како што се: Pilavas, Maraska, Premium Spirits, Rubin итн.
Дистрибутивната мрежа на Гемак покрива 100% од реалниот пазар, поддржано од:
- модерен централен магацин во Скопје (2.500 м² со 1.930 позиции за европалети)
- Сопствена лиценца за акцизен склад
- Напреден софтвер за продажба и целосно интегрирана логистика со WMS систем, GPRS следење, QR-кодиран POS
Флота од 70+ службени возила
Водена од желбата за иновации и храброст за нови деловни подвизи, Гемак во 2014 година го отвора станбено – деловниот комплекс Park Residence, хотелот со 5 звезди Park Hotel and Spa, а во 2019 година започнува со работа и хoтелот Next Door Park Hotel. Со тоа, Гемак, освен што го го проширува и унапредува својот бизнис во дистрибуцијата и трговијата, поставува нови стандарди во областа на недвижностите, угостителтвото и хотелиерството во земјата.
Нашите вработени се нашиот највреден капитал. Ги негуваме корпоративните вредности и постојано вложуваме во луѓето, во нивна едукација и усовршување. Веруваме дека само така можеме да бидеме во тек со трендовите и да одговориме на бизнис предизвиците на новото време.
Мисија и Визија
Нашата основна мисија е беспрекорен дистрибутивен процес на производите од нашето портфолио од увоз до продажно место, преку имплементација на најновите технологии во областа на дистрибуцијата и продажбата.
Создадење на вредности за нашите принципали и клиенти преку врвна услуга и партнерски однос, како и
Вложување во континуиран раст и развој на нашите вработени и нивните знаења и вештини.
Визија: Успешност, континуираност и посветеност во работењето и создавање на нови бизнис можности со цел да се одржи развојот на компанијата како и активно следење и флексибилно приспособување кон промените на бизнис околината.


