Нови производи во порфолиото на Гемак

Пролетта е време за новитети, па така ние го збогативме нашето портфолио за уште неколку нови производи од нашите партнери Diageo и Giffard.

Ја комплетираме Don Julio фамилијата со Don Julio Reposado и Don Julio Anејo. Две премиум текили направени само од рачно селектирано и целосно созреанo сино агаве (најдобрата сорта на агаве наменето за производство на текила).

Don Julio Reposado се издвојува по својот вкус на зрело овошје, ванила и цимет и топол завршеток.

Don Julio Anjeo е текила зреена 18 месеци во буриња од бел даб и е препознатлива по својот вкус на див мед и путер со лесни зачинети ноти.

Двете текили може да ги нарачате онлајн од нашата веб продавница.

Нов, долгоочекуван новитет на нашио пазар е Bailyes 200мл. Мали, компактни шишенца од добро познатиот ирски ликер кои се одличен избор за подарок.

Покрај овие производи, на нашата веб продавница е повторно достапен и добропознатиот Royal Lochnagar single malt.

Од принципалот Giffard, eден од најпрепознатливите високо квалитетни производители на сирупи и ликери во светот,  ни пристигнаа нови вкусови на сирупи и овошни пиреа. Портфолиото го збогативме со сирупи од босилек, боровница и киви и пире од пешн фрут.

Сите вкусови може да ги погледнете и нарачате на нашата веб продавница.