#Gemakstories: Виолета Бучковска – Архивар

Виолета Бучковска
Архивар

Запознајте ја нашата драга колешка Виолета Бучковска!

Виолета е вистинско богатство на нашата компанија Гемак, со гордост можеме да истакнеме дека таа е дел од нашето семејство цела нејзина работна кариера!
Со своите зелени очи и волшебна насмевка, Виолета е незаменлив дел од нашата работна средина.

Како одговорна за архивата, Виолета се посвети на организацијата и зачувувањето на важни документи, обезбедувајќи ни на сите чувство на слобода и сигурност што произлегува од работата во нашата компанија.
Нејзината љубов кон колегите не е тајна – Виолета ужива во заедничките паузи каде сите се собираме, пиеме кафе и споделуваме појадок.

Но, тоа не е се! Виолета е и вистински мајстор во готвењето и со задоволство ги споделува различните оброци што ги подготвува дома за своите колеги.
Надвор од работното време, Виолета станува вистински авантурист! Нејзината љубов кон кампувањето е нешто посебно, а омилена дестинација дефинитивно и е Охридското Езеро.

Ви благодариме Виолета што секојдневно придонесувате за позитивната атмосфера во нашата компанија и што ги поминувате сите работни и животни авантури со насмевка и многу добра енергија!