#Gemakstories: Киро Шутиновски – Менаџер за продажба во ХоРеКа во Гемак

Киро Шутиновски
Менаџер за продажба во ХоРеКа во Гемак

Запознајте го колегата Киро, менаџер за продажба во ХоРеКа во Гемак

Во срцето на градската врева, каде што мирисот на добар пијалак се испреплетува со возбудата на ноќниот живот, имате можност да го запознаете нашиот Киро Шутиновски – менаџер во секторот за трговија во HoReCa.
А, низ скопската магла и шарените светла на овој град, Киро и пркоси на бизнис конвенционалноста, и нè води низ тој динамичен свет. Сите го знаат Киро како човек кој е секогаш е во тренд, кој храбро ја носи својата самодоверба.

Негова нескротлива страст е работата, но само под услов да има адреналин и брзина.
А, кога Киро не смислува стретегии за работа, кога не склучува договори, зад оделото на менаџерот се крие еден Аеродромец кој носи тренерки и живее за моментите на слобода на две тркала, да да вози „дива“ Хонда, и признава дека се уште сака сајбер игри.
Сепак, зад сите овие улоги, Киро е и посветен татко. Вели за себе дека сака се што сакаат младите, но вистината е дека Киро сака се што е животот.

Па сега знаете – Киро Шутиновски, менаџер, моторџија, страстен играч и што е најважно, личност која секогаш носи трендови. Тој не е само колега, тој е рулмодел.