#Gemakstories: Џемаил Бајрами – Главен оператор во магацините на Гемак

Џемаил Бајрами
Главен оператор во магацините на Гемак

Секој обичен ден и во магацините на Гемак стануваат посебни благодарение на еден извонреден човек – нашиот Џемаил.
Несекојдневен пример дека не постои доволно добра причина која ќе му попречи секое утро да доаѓа на работа со насмевка, подготвен да се соочи со предизвиците на работниот ден.

За него секој ден е можност за учење и усовршување.
Џемаил вели дека колегите се неговата главна мотивација.

Но, Џемаил не е посветен само на работата.
Зад него стои среќно семејство кое го инспирира секој ден да дава се од себе.
Покрај работата и семејството, Џемаил имал уште една тајна страст – тој има таен рецепт за подготовка на највкусните пици, мајстор за тесто и Италијанска кујна.

Љубовта кон работата, семејната поддршка и тајниот рецепт за совршена пица ала „Џемаил“, го направија популарен не само меѓу колегите, туку и меѓу следбениците на социјалните мрежи.

А, тој возвраќа со позитивна енергија, инспирираа многумина да се стремат да бидат подобри, покажувајќи дека вистинската магија лежи во малите нешта кои го прават животот поубав.