#Gemakstories: Дијана Стаменковиќ – Администратор во сектор финансии

Дијана Стаменковиќ
Администратор во сектор финансии

Запознајте ја нашата колешка Дијана Стаменковиќ!

Дијана е дел од нашата финансиска администрација долги години. Со својата неуморна работа и страст за работа, таа е незаменлив дел од нашиот тим.
Нејзината љубов кон бројките и прецизноста ја прават вистински професионалец во својата област.
Дијана верува во споделување знаења и поддршка на колегите. Нејзиниот ентузијазам и посветеност, инспирираат сите да бидеме подобри во она што го работиме.

Таа не е само финансиски администратор, туку е и пријателка и поддршка за сите во тимот.
Но, она што најмногу ја мотивира Дијана е признанието за нејзината работа од нејзините колеги.
Нејзината амбиција да ја заврши работата правилно, нејзината посветена работа и поддршката што им ја дава на своите колеги, ја прават вистински професионалец кој е клучен за успехот на нашата организација.

Но, Дијана има и една тајна, има уште една страст покрај бројките, сака патувања на егзотични места. Ја сонува Индија во сите бои и мириси на егзотичните зачини.
Дијана, ти посакуваме да ти се случи Индија, што побргу и од таму да ни ги споделиш егзотичните приказни.

Ти благодариме Дијана што твоето присуство за нас е смирувачко и инспиративно, и за се што правиш!
Ти си професионална инспирација за сите нас !