#Gemakstories: Мирослав Ивановски – Дивизиски менаџер за Off-Trade во Гемак

Мирослав Ивановски
Дивизиски менаџер за Off-Trade во Гемак

За нас тој е повеќе од обичен колега – тој е нашата доза на инспирација секој ден.

Мики е човек со став. Секогаш во движење, секогаш во потрага по нови достигнувања и акција. Тој е убеден дека зад секој бренд мора да има приказна и квалитетно разработен план, и неговиот професионален живот е едно големо патување кое сведочи токму за тоа.

Како наш колега задолжен за продажба, организација, развој на тимот и позитивна атмосфера. Не само што работи напорно, туку е и цар на доброто расположение и приказните. Неговата позитивна енергија ги освојува сите што влегуваат во неговиот свет.

Но, она што го прави посебен е неговото прекрасно семејство, со кое ја споделува секоја победа и секоја насмевка. Живеејќи во Аеродром, добро познато скопско место за млади татковци и моторџии. Мики е модерен моторџија кој вози скејтборд!
Затоа, кога и да видите некој како брзо поминува покрај вас на скејтборд, знајте дека тоа е нашиот Мики, човек кој со стил и насмевка освојува сè – од работа до живот.

Ако си имате работа со Мики тоа значи животот ќе ви биде полн со авантури и акција, тоа е наш Мики!