#Gemakstories: Дарко Цоневски- Супервизор за ХореКа

Дарко Цоневски
Супервизор за ХореКа

Дарко Цоневски, иако е вработен во Гемак, неговата канцеларија гледа во неброени пејсажи со винова лоза и неверојатни сончеви падини и зимзелени шуми.
Кога ќе го прашате за Македонија, нејзините луѓе и домаќини, неговите очи светат како сонце на кристална чаша вино. Вели, дома имам се што ми треба!

Иако по професија е економист, Дарко не застанува само на бројки и графикони. Неговото хоби, тенисот, му носи радост и освежување, но она што навистина го фасцинира се психологијата и филозофијата. Вели ова се „дисциплини“, на долги стази и дека преку нив дознава повеќе за животот и човековата природа, градејќи го својот професионален пат врз темелите на длабокото разбирање на светот околу него.

Неговата тајна за успешна работа е непосредноста со луѓето, вели дека чашка муабет е поважна од гајба еликсир.
Сепак, иако многумина можеби бараат нови хоризонти или работа, Дарко останува верен чувар на својата компанија и професионален повик.
Гемак, е компанијата која ми довери една многу важна работа во животот, а тоа е почитта, тоа така лесно не се наоѓа.

Имаме среќа со ваков колега, бидејќи тој е малку повеќе од супервизор, тој е колега за почит, кој со страст и љувов работи и дава.