Гемак отвори нова компанија во Албанија, АГМАМ Груп
Гемак го прошири бизнисот во Албанија, носејќи ги брендовите од портфолио на Diageo. Посветени сме на одржување на нашите високи стандарди и обезбедување на исклучителни искуства и на овој нов пазар.
DIAGEO и ГЕМАК се повторно во партнерска акција, овој пат го прошируваат своето стратешко работење со најпродаваните светски брендови како Johnnie Walker, Gordon’s, Smirnoff, Tanqueray, Baileys, Guinness и Captain Morgan и во Албанија.
Со ова партнерство DIAGEO ќе ја подобри својата дистрибутивна мрежа во регионот, а задачата која Гемак ја има за Македонија, Гекос за Косово, Агмам Груп, со седиште во Тирана, ќе ја има во Албанија. Сите овие компании се занимаваат со продажба и дистрибуција на производите на DIAGEO.
Мајкл Холм, генерален директор на Diageo Eastern Europe за оваа нова, проширена соработка вели дека со ГЕМАК, еден од најстарите партнерста на компанијата, има неверојатен потенцијал, и дека токму тоа ќе го искористи за Албанија, која пак е просперитетна туристичка индустрија и ветува растечки тренд на врвните алкохолни пијалаци од Diageo.
-Со нетрпение очекуваме да ја искористиме оваа можност заедно со Гемак, изјави Холм за албанските медиуми.
Бидете во тек со информациите додека се движиме кон возбудливо патување на раст и глобално присуство.
За повеќе информации прочитајтре на следниов линк: https://albaniatech.org/diageo-the-worlds-leading-premium-drinks-business-is-now-present-in-albania/