Гемак ја започнува новата етапа: Добредојдовте во нашето проширено семејство

gemak vizbegovo baner

Со голема радост ја започнуваме новата етапа на Gemak!

Овој викенд прославивме значаeн момент за нашата компанија — официјалниот почеток на новата организациска фаза, во која од 1 декември ни се придружуваат и последните од најавените 75 нови колеги.
На коктел-забавата организирана во магацинот, за прв пат заедно се собраа вработени од различни сектори, кои преку дружење, разговори и многу позитивна енергија започнаа да градат нови врски и заеднички дух.
Говор имаа сопствениците и генералниот директор, кои ја споделија визијата за иднината на Gemak, а свои желби и впечатоци пренесоа и претставници од вработените — симболично обединувајќи неколку генерации, тимови и професии во една заедничка приказна.
Овој настан беше повеќе од коктел-забава.
Тоа беше момент на обединување, момент кога голем дел од нашите нови колеги се запознаа за прв пат, поставувајќи темели за силна, поврзана и модерна Gemak фамилија.
Се радуваме што заедно го градиме следното поглавје.
Добредојдовте во нашето Гемак семејство.