Со големо задоволство објавуваме дека Гемак од Јануари 2026 е официјален дистрибутер на брендот Franck во малопродажниот канал, еден од најпрепознатливите и најдолговечни производители во регионот со традиција што датира уште од 1892 година. За повеќе од 130 години, Franck прерасна во еден од водечките брендови во категоријата кафе, чаеви и топли напитoци, присутен во милиони домови на Балканот и пошироко.
Основан во Загреб (Хрватска), брендот е познат по:
✔ експертизата во преработка на кафе,
✔ иновациите во категоријата топли напитоци и
✔ конзистентниот фокус на квалитет, вкус и автентично искуство.
Во нашето портфолио веќе се достапни над 50 Franck артикли, меѓу кои:
☕ Еспресо и турско кафе
🥛 Инстант и капучино производи
🍵 Овошни, билни и функционални чаеви
🥤 RTD кафе пијалаци
Партнерството со Franck е во насока на она што го градиме со години, а тоа е обезбедување разновидност, квалитет и сигурен избор на премиум брендови за македонските потрошувачи.
🔗 На следниов линк може да го погледнете целото портфолио на Franck – GEMAK


