Со повеќе од 30 години успешно присуство на пазарот, Гемак влегува во нова развојна етапа. Проширувањето на дистрибутивната мрежа и зајакнувањето на нашиот тим значи дека отвараме 75 нови работни позиции во различни градови низ целата земја.
Доколку сте проактивни, мотивирани и подготвени за професионален раст, сега е вистинскиот момент да се приклучите на една од водечките компании во дистрибуција на пијалаци, храна, кафе и тутун во Македонија.
Во Гемак нудиме стабилност, динамична работна средина и можности за развој во силен тим кој ја носи визијата напред.


