Изминатиов викенд, во Охрид, Гемак организираше дводневен тим билдинг и обука, на тема „Основи во продажните процеси„ на движечката сила на компанијата – продажниот сектор.
На обуката, колегите имаа можност да научат нови техники за продажба, како и да споделат лични искуства и да дискутираат за досегашните предизвици.
Покрај едукативниот дел, колегите имаа можност да уживаат во забавни активности, дегустација на нови производи од нашите принципали и во меѓусебно дружење.
Се надеваме на уште многу вакви успешни обуки во иднина. бидејќи веруваме дека тимската работа ја дели задачата и го удвојува успехот!