Нова инвестиција на Малиќи Групацијата – Magic MG Фабрика за производство на јаткасти плодови

Најнова инвестиција на Малиќи групацијата е „ Magic MG „ Скопје, фабрика за производство и преработка на сите видови јаткасти плодови, семиња, сушени овоштија, зачини, зрнести и житни плодови. Фабриката која постои повеќе од 20 години во Охрид е позната по брендот Magic (Меџик) и нуди преку 70 производи со висока нутритивна вредност.

Со оваа инвестиција Малиќи групацијата, во своето семејство на бизниси, внесува уште една индустрија, производствено-преработувачка, во која гледаме огромен потенцијал не само во Македонија, Косово туку и во регионот.

Долго време работиме на истражување на пазарот и развој на производи, па затоа сме исклучително горди што можеме конечно да им понудиме на нашите клиенти и потрошувачи нешто сосема ново и квалитетно на нашиот пазар.
Од почетокот на јули 2022 година Гемак започна со дистрибуцијата на производите и засега на располагање имаме 74 производи, но работиме и на развојот на нови производи односно проширување на асортиманот.

Брендот Magic е дел од стратешкиот развој на Гемак Траде, дел од Малиќи Групацијата и претставува еден од поважните столбови за развивање на FMCG асортиманот на групацијата.
Производите на Magic се веќе препознаени како квалитет и се дел од секојдневието на нашите потрошувачи.
Кога станува збор за производството, планираме да го зголемиме извозот во регионот, да отвориме нови пазари и да го зголемиме пазарниот удел во продавниците каде што веќе ги имаат нашите MAGIC производи.