Нови производи во портфолиото на Гемак

Пролетта е вистинско време за новитети, па така од овој месец го збогатуваме нашето портфолио со два нови производи – Gordon’s Mediterranean Orange и Talisker Storm кои ги надополнуваат фамилиите на Gordon’s Gin и Talisker.

Gordon’s Mediterranean Orange е џин создаден од високо квалитетни состојки кој е карактеристичен по свежи и вкусни ноти од медитерански портокал кои совршено се надополнуваат со вкусот на смрека и освежителниот вкус на Gordon’s.
Совршен пијалак за топлите летни денови кој се консумира со многу мраз, тоник, парче портокал и гранче рузмарин по желба.

Talisker Storm е нов член во фамилијата single malts Talisker основана од браќата Мекаскил во 1830. Создаден на почетокот на 2013 година, Talisker Storm ги има сите топли и зачадени карактеристики препознатливи во стандардниот Talisker 10YO, но со уште поинтензивни чадливи ноти, повеќе зачини и побогат вкус.
Го карактеризираат богати мирисни ноти на мед пред да дојде интензивниот мирис на чад кој на крај преминува во длабок мирис на зачини и мека арома на јагоди.

Двата производи отсега може да се нарачаат онлајн преку нашата веб продавница, со бесплатна достава до дома.