Специјална едиција на Single Malts – „Legends Untold “

„Legends Untold “ е специјално издание од колекцијата на Single Malts.

За сите љубители на виски, оваа колекција преку својот дизајн ги споделува нераскажаните приказни за дестилериите, на нов и уникатен начин. Во древните шкотски басни, суштествата од другиот свет биле главни заштитници на дестилериите. Токму затоа оваа колекција ги оживува митските суштества, ги открива нивните вистински ликови и ги спојува со најценетите резерви на виски на Diageo кои зреаат во Шкотска.

Колекцијата е составена од повеќе сингл малтови кои сега се достапни и на нашата веб продавница.

Talisker 8 Years Old Special Release

Смело морско чудовиште кое дише оган , малт со зачадени подтонови, 8 години зреен во буриња со најзачадените ноти.

Royal Lochnagar 16 Years Old Special Release

Пролетен пастув кој ја симболизира пролетната свежина на овој малт. Лесен за уживање, особено како апертив.

Lagavulin 12 Years Old Special Release

Огнениот лав или ”Кралот на Ајла”, жестоко интезивен, но совршено избалансиран помеѓу слатко и солено.

Singleton 19 Years Old Special Release

Песната на сирената, која ја симболизира хармонијата помеѓу бујни и медени вкусови на малт чија завршница е во буриња од коњак.

Oban 12 Years Old Special Release

Приказна за лисиците близначки, совршен спој на портокал со солени ноти. Малт зреен во Американски дабови буриња со слатки ароми, морска сол, црн бибер и зачини.