Нашето портфолио го збогатуваме со три нови премиум производи од категориите single malts и текила.
Cardhu 15 е single malt кој ја заокружува фамилијата Cardhu.
Виски кое потекнува од првата дестилерија купена од John Walker & Sons, духовна колевка на Johnnie Walker. Се произведува повеќе од 200 години е една од најпознатите флаши во светот на виски, која нуди уникатен начин на послужување.
Покрај Cardhu, нов член добива и фамилијата Lagavulin.
Lagavulin 16 е главниот и основен член на фамилијата Lagavulin и еден од омилените single malts виски во светот.
Почитуван од познавачи и експерти, Lagavulin е познат како „кралот на Ислај“. Тоа е „суштинско“ шкотско виски, кое секој познавач или ентузијаст мора да го има во својата колекција.
Зреен во дабови буриња најмалку 16 години, овој најбаран сингл малт има масивен чадлив вкус на тресет кој е типичен за јужниот дел на Ислај.
Најголем новитет е Don Julio Blanco – луксузна текила наменетa за вистинските текила љубители, со префинет и истенчен вкус, направенa исклучиво од рачно селектирано и целосно созреанo сино агаве.
Don Julio е најпродавана текила 4 години по ред и една од топ трендинг текили во свет.
Сите три производи, од денес, можете да ги нарачате онлајн на нашата веб продавница