Орланд Малиќи Оки
Шеф на магацините на Гемак
Запознајте го нашиот Оки, одговорниот за се да е „под конец“
Кога станува збор за организација, нашиот шеф на магацините, Орланд- Оки е вистински мајстор, всушност прецизен е како аптекар!
Повеќе од 10 години, тој се грижи секоја кутија или шише да биде на своето место во магацините на Гемак.
Тој е човек чии раце се секогаш во движење за да се увери дека се е организирано. Кај Орланд Оки нема место за неред или непрецизност. Тоа го нервира и затоа инсистира се да биде „под конец“.
Неговата страст за ред, организација и вниманието за деталите, не прави горди што е дел од тимот на Гемак.
Ти благодариме, Орланд, за трудот и вниманието кон нашата компанија!