#Gemakstories: Марио Милoсов – Маркетинг менаџер на Гемак

Марио Милoсов
Маркетинг менаџер на Гемак

Овој млад маестро раководи со маркетинг тимот во Гемак, и е вистински авантурист.
Работел дури на Мадагаскар, нурнал во шарениот свет во неколку градови во Индија, па и Камбоџа и насекаде оставил свој печат. Но, тоа не е ни половина од приказната – Марио е и колекционер на винили, страстен диџеј и личност која ја носи својата музика во своето срце.
Неговиот пат е исполнет со предизвици и токму тие ја обликувале неговата креативност и страст за работа.
Тој е нашата млада сила која не само што ги разбира трендовите, туку и ги создава.
Сега, кога Марио е дел од нашето семејство Гемак, очекуваме дека ќе го подигне тимот на сосема ново ниво со својата енергија, идеи и безграничниот ентузијазам.

Подгответе се за возбудливо патување низ светот на маркетингот со нашиот лидер, Марио Милосов!