Едно Doncafe менува сѐ

Вчера, 01.03.2020 година започна новата инстант наградна игра на Doncafe под слоганот „Едно кафе менува сѐ!”

Во наградната игра ќе учествуваат сите оние кои ќе ќупат било кое пакување на Doncafe со промотивен стикер на предната страна. Во внатрешноста на пакувањето се испишани наградите, па така добитникот ќе дознае дали и која награда ја земал по отварање на кесичката.

Сите оние кои ќе пијат Doncafe до 31.12.2020 година имаат шанси да освојат некоја од вредните награди: лаптопи, мобилни телефони, телевизори и парични награди од 3.000 па се до 100.000 денари.

Доколку во пакувањето не е испишана ниту една од наградите, тогаш ќе има код кој исто така може да донесе награда и со него да учествувате во извлекувањето „втора шанса„ и/или во финалното извлекување. Кодот од недобитните кесички се внесува на веб страницата www.doncafe.com. Секој учесник кој еднаш испратил код учествува со истиот код во сите онлајн извлекувања. Исто така еден учесник може да испрати неограничен број на кодови од недобитните пакувања.

На 13.01.2021 е финалното извлекување во кое учествуваат сите кои испратиле барем еден код и на кое ќе бидат додеделни сите преостанати награди кои не биле извлечени и три неверојатни парични награди од 100.000 денари.

Пијте Doncafe, уживајте во вкусот на вистинското турско кафе и освојте награда. Со среќа!