Запознајте ги Smirnoff Ice Tropical и Gordon’s & Tonic – Нови производи во портфолиото на Гемак

Од овој месец, портфолиото на Гемак добива три нови артикли – Smirnoff Ice Tropical, Gordon’s & Tonic и Gordon’s Pink & Tonic кои спаѓаат во категоријата Ready to drink и се иновативни производи од Diageo.
Оваа категорија на алкохолни пијалаци е една од најбрзо растечките категории во светот која секојдневно придобива нови консументи благодарение на уникатноста и лесната употреба и консумација. Идејата позади овие производи е адаптација на новите, модерни трендови и присутноста во моментите кои не поврзуваат.
Smirnoff Ice Tropical е тропската страна од веќе добро познатиот Smirnoff Ice. Се карактеризира со вкусови на овошен пунч, манго, гуава и passion fruit и е совршен избор кога барате вкусен, освежителен пијалак.
Доаѓа во стаклено шише од 275 мл.

Светски познатите и најпродаваните Gordon’s London Dry џин и Gordon’s Pink Gin во комбинација со тоник, спакувани во мало компактно издание, лименка од 250 мл, спремно за консумација. Идеален пијалак за сите љубители на џин- тоник.
Се сервира во чаша полна мраз и парче лимон.

Трите нови артикли се веќе достапни за онлајн нарачки на нашата веб продавница.