Нашето портфолио го збогативме со уште еден премиум бренд од категоријата на текила – Don Julio.
Don Julio Blanco е луксузна текила, направена од рачно селектирано и целосно созреанo сино агаве кое претставува најдобра сорта на агаве за производство на текила. Специфичниот и уникатен процес на дестилирање во бакарни садови, придонесува оваа текила да го има единствениот свеж цитрусен, лесно сладок и чист агаве вкус со завршеток од сув бибер.
Don Julio е години наназад најпродаваната текила во светот, а од 2019 заслужено се позиционира на првото место на луксузна текила во Европа.
Во последниве три години, сегментот на луксузна текила е најбрзо растечки тренд во Европа пред сé заради големиот раст во Велика Британија, но и заради менување на навиките и начинот на консумирање на текила.
Од денес Don Julio Blanco е достапна за нарачки на веб продавницата на Гемак.
Покрај овој производ, од денес, во нашето портфолио се достапни уште два премиум бренда од категоријата single malts – Lagavlunin 16 и Cardhu 15. Повеќе за нив прочитајте на линкот.