6 нови премиум производи за вистинските уживатели на Single Malt Scotch вискито

Портфолиото на DIAGEO збогатено со нови премиум производи – селекција од најдобрите шкотски виски –  Single Malts Distillery Edition.

Секое единствено виски е добиено со користење на вештини и знаења учени со векови и има богат и комплексен карактер како и неговата историја која започнува уште пред 2500 години во Античка Грција.

Цутот на производството на малтовите се случува во почетокот на XIX век кога дестилириите од домашни стануваат комерцијални и произведуваат Single Malt Scotch виски за поширока употреба.

Бурниот XX век, проследен со двете светски војни, големата депресија и прохибицијата е само доказ дека квалитетниот алкохолен пијалак секогаш го наоѓа својот начин да опстане и да биде уживан од луѓето.

Денес го консумираат луѓе, во преку 200 земји, од сите слоеви, вери и друштва, во секакви прилики, почнувајќи од деловни зделки, празници, забавни настани, па се до секојдневни дружења со пријателите.

Повеќе детали за секој од нив можете да најдете на: https://www.malts.com/en-row/home/?agp=true

 

CAOL ILA Single Malts Distillery Editions

Потекнува од регионот на Ајла, од најскриената дестилеријата на најпознатиот шкотски осторв, основана во 1846. Многу години познат само за најдобрите познавачи на сингл малт бидејќи не само што е скриена туку што и поголемиот дел од производсттвото се користи како бленд за Johnnie Walker наместо да се пакува како синг малт. Тоа е сингл малт со карактеристичен сув вкус, арома на морски воздух и пријатни чадливи ноти.

Lagavulin Single Malts Distillery Editions

За голем број на познавачи Lagavulin е дефинитивно малт од Ајла –интензивен мирис, чадлив и полн. Интензивниот карактер на овој величенствен синг малт доаѓа од јачменовиот тресет како и спората дестилација пред да почне да зрее во дабови буриња. Локалците велат “времето го вади огнот од течноста но, ја остава топлината”.

Talisker Single Malts Distillery Editions

Основан од браќата Мекаскил во 1830, Talisker е обожуван заради солениот мирис на морето, земјен чадлив карактер и каркатеристичен завршеток со вкус на бибер. Карактеристичен, лесно препознатлив и флаширан на невообичаено висок степен на алкохол од 45.8%

OBAN Single Malts Distillery Editions

OBAN дестилеријата е од една од најстарите и најмалите дестилерии во Шкотска која произведува сингл малт уште од 1794 година. Перфектен спој помеѓу полниот карактер на виски од островите и мекиот стил на малтови од западните висораманини.Пијалак со исклучителна хармонија и мекост –единствен вкус на микс од портокали, чад, морска сол и мед.

Dalwhinnie Single Malts Distillery Editions

Направен во дестилеријата која е сместена на највисоката точка и во најладниот крај на Шкотска, со вода од високите езера, Dalwhinnie сингл малт напредува на екстремни услови нудејќи пијалак кој е топол и лесно прифатен.

Мек и сладок вкус, ноти на мед, деликатни зачини и ноти на чад.

Glenkinchie Single Malts Distillery Editions

Glenkinchie познат како Малт од Единбург. Во непосредна близина на Единбург во далечната 1837 година е основана Glenkinchie дестилеријата.Токму тука на овие ридови расте еден од светски најквалитетниот јачмен. Glenkinchieе лесно, цветно виски со свеж, кремав вкус. Долгата ферментација допринесува за лесниот и овошен вкус. Одличен пијалak за оние кои започнуваат да го откриваат Шкотското виски и кои бараат единствен вкус на сингл малт шкотско виски.