Гемак е компанија која цели 3 децении е лидер на пазарот за увоз и дистрибуција и стратешки партнер на едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, тутун, кафе, храна и непрехрабрени производи.
Основата на која се темели работењето на компанијата е широко распространетата дистрибутивната мрежа која денес покрива речиси 90% од пазарот, а континуираното воведување нови процедури, системи и алатки за унапредување на работата се потврда за посветеност кон раст и развој.
Водена од желбата за иновации и храброст за нови деловни подвизи, Гемак во 2014 година го отвора станбено – деловниот комплекс Park Residence, хотелот со 5 звезди Park Hotel and Spa, а во 2019 година започнува со работа и хoтелот Next Door Park Hotel. Со тоа, Гемак, освен што го го проширува и унапредува својот бизнис во дистрибуцијата и трговијата, поставува нови стандарди во областа на недвижностите, угостителтвото и хотелиерството во земјата.
Нашите вработени се нашиот највреден капитал. Ги негуваме корпоративните вредности и постојано вложуваме во луѓето, во нивна едукација и усовршување. Веруваме дека само така можеме да бидеме во тек со трендовите и да одговориме на бизнис предизвиците на новото време.
Мисија и Визија
Нашата основна мисија е беспрекорен дистрибутивен процес на производите од нашето портфолио од увоз до продажно место, преку имплементација на најновите технологии во областа на дистрибуцијата и продажбата.
Создадење на вредности за нашите принципали и клиенти преку врвна услуга и партнерски однос, како и
Вложување во континуиран раст и развој на нашите вработени и нивните знаења и вештини.
Визија: Успешност, континуираност и посветеност во работењето и создавање на нови бизнис можности со цел да се одржи развојот на компанијата како и активно следење и флексибилно приспособување кон промените на бизнис околината.