Sun Goddess – вино создадено со љубов и пасија од фамилијата Fantinel и Mary J. Blige

Нашето портфолио го збогативме со уште едно вино создадено во лозјата на Fantinel во провинцијата Friuli Venezia Giulia.

Sun Goddess Pinot Grigio е успешна соработка на светски познатата ѕвезда, кралицата на RnB и Soul музиката Mary J Blige и Fantinel и се истакнува со своите освежувачки овошни вкусови, бакарни нијанси и пријатна свежина.

„Името Sun Goddess евоцира спомени уште од моето детство. Отсекогаш сум го сакала сонцето и како дете пробував да ги дофатам сончевите зраци и енергија. Бев фасцинирана од таа магија, па мајка ми започна да ме вика Сончева кралица – Sun Goddess“ вели Mary J. Blige за тоа како се родила идејата за името на виното.

Инаку ова е нејзина прва соработка со винарија и за прв пат влегува во светот на создавањето на вина. Sun Goddess виното плени со својата единственост и специјалност.

Неслучаен е изборот на белото вино Pinot Grigio бидејќи како што велат од Fantinel, тоа е сорта која демонстрира свежина, минералност и чистота.

Од неодамна Sun Goddess Pinot Grigio можете да го нарачате и онлајн преку нашата веб продавница. https://www.gemak.mk/p/sun-goddess-pinot-grigio/