Единствени зимски вкусови од портфолиото Giffard, нови премиум ликери и пиреа

Нашето портфолио го збогатуваме со нови премиум ликери, зимски сирупи и овошни пиреа од францускиот бренд Giffard. Станува збор за внимателно избрани вкусови кои на консументите ќе им понудат вистинско уживање во новите комбинации на пијалаци.

Досега нашето портфолио на производите на Giffard броеше 18 ликери и 13 сирупи, а од сега во понудата се  и премиум ликерите: карипски ананас и див бозел, ликерите: кајсија и црна рибизла, сирупите од: банана, зелено јаболко, ментол, малина, bubble gum, чоколадно колаче, цимет и speculoos.

 

 

Покрај новите вкусови на ликери, за прв пат, портфолиото го надополнуваме и со категоријата овошни пиреа. Главната разлика помеѓу сирупите и пиреата е во тоа што пиреата имаат поголема концентрација на овошје, даваат поинтензивен вкус и побогата текстура. Можат да бидат замена за овошје и вообичаено се главна состојка на пијалакот. Вкусовите кои ќе бидат достапни кај нас се манго, праска и јагода.

Инаку францускиот Giffard е од неодамна присутен на нашиот пазар и единствено како дел од нашето портфолиото. Giffard е семејна компанија која веќе 130 години произведува ликери и сирупи, направени од домашно одгледувани плодови и билки. Тоа што ги разликува Giffard од другите производители на овој тип на пијалаци е токму нивната посветеност кон органското земјоделие и одгледување на плодови и билки на најдобрите француски почви.

Автентичноста на нивните производи е во самостојното одгледување и производство на француската шеќерна репка од која се добива шеќерот, како една од главните состојки на нивните производи кои се извезуваат во повеќе од 90 земји низ целиот свет.

Сите производи од брендот може да се нарачаат онлајн на нашата веб продавница- https://www.gemak.mk/shop/alkohol/likeri/