Нови производи од палетата на Гемак – Џебно Шкотско Виски

2019 година ја одбележаа безброј иновации, а една од нив беше НОВОТО ЏЕБНО ШКОТСКО ВИСКИ кое беше промовирано кон средината на октомври во Next Door Park Hotel-от.
Станува збор за виски кое претставува модерен и иновативен производ за комплетно нов начин на уживање во омиленото шкотско виски.

Гемак Трејд континуирано работи на проширување на своето портфолио на производи, стремејќи се да ги следи новите трендови и да промовира нови и иновативни форми во FMCG индустријата. Во таа насока, е и денешната промоција на џебното шкотско виски, единствен на пазарот по своите карактеристики. Производот доаѓа во модерно и стилско пакување од 20 цл, лесно за носење и во некршлива амбалажа, а самите производи се истото шкотско виски како и во добро познатата стаклена амбалажа.
Новото џебно шкотско виски е идеален додаток кој можете да го понесете со себе или некому да го подарите, а во портфолиото влегуваат следниве производи:

• JOHNNIE WALKER RED LABEL 0.2цл
• JOHNNIE WALKER BLACK LABEL 0.2цл
• J&B Rare 0.2цл и
• The Singleton 0.2цл