GEMAK со задоволство го најавува NEVA како свој нов принципал, што претставува значаен чекор во зајакнување на нашето портфолио и унапредување на вредноста што ја нудиме на нашите партнери и клиенти.
NEVA е реномиран бренд, препознатлив по високите стандарди за квалитет, иновативниот пристап и фокусот на најбараните производи во категорија козметика. Со своето искуство и пазарно присуство, NEVA се вклопува во стратешката насока на GEMAK за долгорочни партнерства и одржлив раст.
Оваа соработка ја зајакнува нашата понуда и отвора нови можности за заеднички успех.
Со нетрпение очекуваме успешна и долгорочна соработка со NEVA.


