Го прославуваме најромантичниот празник во годината – Денот на Вљубените. Веројатно не можете да си замислите ситуација на тој ден на саканата личност да не и купите барем некој скромен подарок или пак да организирате заедничка вечера, кино, прошетка или нешто по ваш избор. Доколку се одлучите да организирате романтична вечера во домашна атмосфера, ние ви нудиме неколку опции за едноставни коктели кои одлично ќе се вклопат во вашиот амбиент.
Singleton Manhattan
- The Singleton 15 – 50ml
- Rosso Vermouth – 20ml
- Angostura Bitters – 3 сипувања
Во микс чаша со лед додадете ги сите состојки и мешајте околу 30 секунди. Процедете го во Мартини чаша и декорирајте со кандирана цреша.
Singleton18 Old Fashioned
- The Singleton 18- 50ml
- Шеќерен сируп -5ml
- Angostura Bitters – 3 сипувања
Во ниска чаша за виски со лед додадете ги сите состојки и мешајте околу 30 секунди. Додадете уште лед и декорирајте со тенка кора од портокал.
Bulleit Whiskey Sour
- Bulleit Bourbon – 50ml
- Сок од лимон – 30ml
- Шеќерен сируп – 30ml
Во шејкер полн со лед додадете ги сите состојки и шејкајте околу 15 секунди. Потоа прецедете го коктелот во ниска чаша со лед. Декорирајте со парче портокал.
Pink Spritz
- Gordon’s Pink – 50ml
- Prosecco – 100ml
- Soda Water – 20ml
Во чаша со лед додадете ги сите состојки и промешајте. Декорирајте со шумски плодови.
Cinnamon Espresso Martini
- Smirnoff Gold – 40ml
- Ликер од кафе – 10ml
- Espresso кафе – 30ml
Во шејкер полн со лед додадете ги сите состојки и шејкајте околу 15 секунди. Прецедете го коктелот во мартини чаша.
Baileys White Russian
- Smirnoff – 30ml
- Baileys – 30ml
- Шлаг
Во ниска чаша додадете Smirnoff и Baileys па промешајте. На крај додадете го шлагот и декорирајте со чоколадни трошки.
А доколку се уште немате идеја за подарок за вашиот партнер, погледнете ја нашата специјална понуда за подароци со 10% попуст.