Сања Димова
Администратор во сектор финансии
Запознајте ја Сања Димова:
Естетиката и Финансиите во една личност Сања Димова е нашата драга колешка од финансискиот оддел на Гемак, која веќе 16 години ја облагородува нашата фирма со својата посветеност и страст.
Малкумина не знаат дека е несуден архитект и вистински вљубеник во естетиката. Тоа секако и помогна лесно да гради свет од брјоки и во финансиите. Таа вели дека и двете области кои на прв поглед се различни, за неа се неразделни.
Со тешко срце, Сања ни најавува дека за 3-4 години ќе замине во пензија. Но, како вели се уште и е не замисливо, што ќе прави ако не доаѓа во Гемак, единствен компромис би и бил ако Гемак го замени со работа во цвеќарница.
Таа сонува да се посвети на одгледување орхидеи и сардели, цветови кои ѝ се блиски до срцето и ја инспирираат со својата убавина и мириси.
Покрај тоа, Сања верува дека екологијата е важен дел од нашиот животен синџир и дека мора да има примат во нашето секојдневие.
Нејзината посветеност на одржливоста и љубовта кон природата се одразува и во нејзината работа, каде што секогаш се стреми кон ефикасни и еколошки прифатливи решенија. Не троши хартија !
Сања е колешка која со креативноста и професионализамот влегува во авантура, па и ако тоа не е цвеќарница, тогаш сигурно е нешто во што се впушта со цело срце.