
Со голема чест и гордост објавуваме дека Gemak е добитник на наградата за најдобра Employer Branding кампања за 2025 година, доделена од Vrabotuvanje.com.
Ова признание претставува значајна потврда за нашата стратешка определба да изградиме силен, автентичен и одржлив бренд на работодавач, кој се темели на доверба, транспарентност и вистинска грижа за луѓето.
Резултатите од кампањата го потврдуваат овој пристап. Во текот на месец август, за 75 отворени работни позиции беа објавени 52 огласи, на кои аплицираа над 3.500 кандидати. Од нив, 80 кандидати денес се дел од нашиот тим и активно придонесуваат во понатамошниот развој на компанијата.
Наградата ја прими генералниот менаџер на Gemak, Климе Булоски, кој истакна дека кампањата не претставува само PR комуникација, туку е одраз на искрените чувства и искуства на вработените.
„Нашата цел не е само да привлечеме таленти, туку да создадеме средина во која луѓето се чувствуваат вреднувани, слушнати и мотивирани да растат заедно со компанијата“, истакна Булоски.
Оваа награда е поттик да продолжиме со уште поголема посветеност во градењето на работна средина која инспирира, поврзува и создава вредност.
Заедно го градиме следното поглавје – Next Chapter, Build Together.


