Еден од најпрепознатливите високо квалитетни производители на сирупи и ликери во светот, францускиот GIFFARD е најновиот бренд во нашето портфолио.
Giffard е семејна компанија која веќе 130 години произведува ликери и сирупи, направени од домашно одгледувани плодови и билки. Тоа што ги разликува GIFFARD од другите производители на овој тип на пијалаци е токму нивната посветеност кон органското земјоделие и одгледување на плодови и билки на најдобрите француски почви.
Автентичноста на нивните производи е во самостојното одгледување и производство на француската шеќерна репка од која се добива шеќерот, како една од главните состојки на нивните производи кои се извезуваат во повеќе од 90 земји низ целиот свет.
Нивното портфолио брои 54 видови ликер, 80 видови сируп и 4 овошни сосови, а од сега кај нас ќе бидат достапни 18 сирупи и 13 ликери кои ќе може да се консумираат во Хорека сегментот или купат онлајн од нашата веб продавницата.
Ги одбравме вкусовите на GIFFARD кои се најпрепознатливи и наоѓаат најголема примена во подготовката на голем број алкохолни и безалкохолни пијалаци. Селекцијата ја направивме анализирајќи го нашиот пазар и можностите да одговориме дури и на најпребирливите вкусови на конзументите.
Покрај производите по кои се препознатливи, во нивното портфолио има и текила. EL VIEJITO е мексичка текила, произведена во близина на Гвадалахара, создадена од сино агаве.
Нашето портфолио ќе го збогатиме со EL VIEJITO и EL VIEJITO Gold, бела и жолто-златна текила кои љубителите на текила ќе може да ги нараат од нашата веб продавница.