Елеганција во секоја голтка, вкусете ја традицијата на Pilavas најпознатото светско узо

Елеганција во секоја голтка, вкусете ја традицијата на Pilavas најпознатото светско узо

Дестилерија Pilavas е една од најтрадиционалните грчки дестилерии.
Започнувајќи во 1940 година и водена од три генерации, во неа се дестилира узо, ципуро, мастиха и широк асортиман на ликери
1940: Никос Пилавас (прва генерација),основач на компанијата, доаѓа од Хиос во Патра
1950: Основање на првата семејна дестилерија на Патра
1976: Никос Пилавас го воведува неговиот син Панајотис во тајните на дестилирање на узо
1990: Синовите на Панајотис Пилавас,Никос и Перикле (трета генерација) го превземаат бизнисот, и го преселуваат во современ објект со производствен капацитет од 6.000 шишиња на час

Pilavas Ouzo – Узото Пилавас е едно од најпознатите светски узо брендови, кое е достапно во дури 37 различни пакувања.
Строго придржувајќи се до тајниот рецепт од 1940 –та, узото останува во казаните 2-3 месеци по дестилацијата. Со овој процес узото добива мазен, сладок вкус што го прави лесен за уживање.

За да уживате во летениот пијалок, сипете чаша узо и додадете вода и коцки мраз и ќе го почувствувате медитеранскиот мирис со мек и сладок вкус, создаден за уживање.