Не постои ниту еден сопственик и вработен во кафуле од Центар па се до Волково, кој не го познава Бучко.
Сашо Бучковски е дистрибутер и продажен агент за пијалaците од палетата на Гемак, почнувајќи од најпродаваното виски Џони Вокер, па Гордонс Џин, Танкерај, секако и легендарната водка Смирноф.
Велат за Бучко дека е градска легенда и дека за него има еден куп скопски приказни. Покрај прекарот Бучко, градските газди го нарекуваат и Калдрма, оти цел ден е излезен по скопските улици по работа, но и Крвопија, оти за неговиот 25 годишен стаж во Гемак, речиси нема газда во градов, кој на Бучко му останал должен и не платил фактура.
Решение за вработување потпишал на 1 Април, па на шега вели можеби затоа работата му е забавна.
-Не се плашам од годините, никогаш не сум ги броел, затоа и ми годи комуникацијата со млади луѓе. Работата ми влезе под кожа, ништо не би менувал, можеби само денот недела би го зел за слободен. Не ми пречи што и за викенд, рано во некое од кафулињата ем работно ем од уживање ќе се напијам по некое кафе. Да се работи со дистрибуција на алкохол е занает, кој се учи долго. Порано постарите газди или бизнисмени кои шетаа по светот беа репер кое виски ќе се пие, сега најбарани се коктели од џин или водка. Отприлика на секои 5 години се менува трендот на најбарани пијалаци. Гемак е успешна оти многу добро ги насетува трендовите кои доаѓаат, па сме спремни со новитет да излеземе први на пазарот, вели Бучко.
Тој за себе вели дека е стара школа, но дека легенда не се создава без манири.
Продолжи да одиш Бучко !