Нови принципали во портфолиото на Гемак

Со многу труд, работа и посветеност, успехот е неизбежен. 2019 година беше успешна за нашата компанија. Како доказ за тоа се новите принципали со кои со задоволство започнавме соработка во изминатата 2019 година.

RUBIN

Рубин е најголемиот производител на грозје, вино и жесток алкохол во Србија, со традиција од над 60 години. Ги поседува најголемите површини на лозови насади со површина од 1.200 хектари и најголем број на вина со заштитено географско потекло во земјата. Предност на компанијата е што има затворен процес на производство на вино; од сопствени лозови насади, производство на буриња, и производство на високо-квалитетни вина. Винарската визба на Рубин има капацитет од 22,5 милиони литри, а капацитетот на коњак од винарската визба е 15 милиони литри, од кои 6 милиони се во дабови буриња (12.000 дабови буриња од по 500 литри за зреење на дестилатот) што ја прави една од најголемите дрвени визби во Европа. Портфолиото на Рубин содржи вино и жесток алкохол, со повеќе од 80 производи. Во категоријата на вино располага со столни вина, квалитетни и врвни вина, како и неколку видови на пенливи вина кои се произведени на класичниот Шампенозе метод. Рубиновиот Вињак, вотка, вино, ликери за коктели и ракии се добро познати брендови во категоријата на жесток алкохол.

MEXON

МЕКСОН е производител на високо квалитетни производи за домаќинство, перење и чистење, кој успешно работи на бугарскиот пазар веќе 25 години, а сега се шири и во Македонија.
Еден од главните подбрендови на Mexon е Medix линијата која во себе ги содржи сите основни средства за одржување на домаќинство како што се: прашоци и омекнувачи за алишта, средства за чистење стакло, подови, теписи, санитарија, дрвени површини, тоалет и линијата за лична хигиена.

FRUCTUS

Фруктус е семејна компанија за одгледување, преработка и маркетинг на лековити растенија основана во 2001 година.
На српскиот пазар зафаќа едно од водечките места, каде настапува со асортиман од над 50 видови на финални производи, имено чаеви о од филтер-кесички и рефусни чаеви, поделени во неколку линии на производи: Classic, Everyday, Premium, Exclusive и  HoRe3Ca.

DONCAFЀ

Од 1994 година Doncafѐ е управувано од едноставен идеал – производство на високо квалитетно R&G кафе за масовниот пазар.
Doncafѐ ги бира најквалитетните зрна кафе кои ги обработува со најиновативни технологии. Благодарение на Aroma Expert системот што го одржува мирисот на свежо мелено кафе во вреќичката, секоја чаша е совршено искуство! Беспрекорната арома на свежо мелено кафе, автентичната форма на Doncafѐ шољата и страственото црвено пакување станаа иконата за „добро утро“ на нашиот пазар.