УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

На виртуелната продавница на Гемак можеш лесно да ги пребараш производите кои ти се потребни.За да купуваш на www.gemak.mk не е потребно да имаш кориснички профил. Доволно е само да го внесеш својот e-mail. Кога ќе го најдеш производот кој сакаш да го купиш, ги селектираш варијаблите кои се дадени да се изберат за производот на пример количина, димензии итн. Потоа со еден клик го додаваш производот во својата кошничка. Во кошничката можеш да додадеш онолку производи колку што сакаш да купиш. Откако ќе ја наполниш својата кошничка со сите производи кои си ги одбрал можеш да продолжиш кон процесот на наплата и внесувањето на податоците за доставата. Кога ќе се изврши наплатата ние го припремаме производот за испорака и истиот ти го испорачуваме до врата согласно правилата за испорака.

Нарачките се прават само онлајн. Секако, доколку имаш проблем со нарачката, нашата служба за Грижа на корисници ќе направи сè што може за да ти го олесни купувањето. Јави се на нашиот контакт телефон +389 75 281 600 или пиши ни на нашата контакт e-mail адреса eshop@gemak.com.mk.

Во моментот кога успешно ќе ја завршиш процедурата за купување на производот на твојата e-mail адреса, која ја имаш оставено при купувањето, ќе пристигне автоматска потврда од нашиот систем дека продажбата е успешно направена. По купувањето ќе бидеш пренасочен/а на екран каде пишува дека трансакцијата е успешна, ако истата била процесирана успешно. По успешната трансакција ќе добиеш SMS на твојот телефонски број од страна на твојата банка доколку банката ја нуди оваа опција.