ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Контролор:
ГЕМАК ТРАДЕ Енвер ДОО експорт-импорт Скопје
Ул.Бул. Гоце Делчев бр.11/ДТЦ Мавровка, 1000 Скопје
Република Северна Македонија
(во натамошниот текст „Гемак Траде“)
Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Гемак Траде (понатаму „Контролор“) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие или субјектите) при посета на интернет страницата www.gemak.mk (понатаму: ”интернет страница”) и/или користење на услугата за веб продажба на Гемак Траде. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за заштита на лични податоци.
1. Кои лични податоци ги собираме
При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при секое користење на услугата за on-line купување (нарачување на производот и плаќање на истиот). Доколку го превземете ова дејствие се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обрабатка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.
При користење на услугата On-line купување, Гемак Траде ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• вашето име и презиме
• адреса , ЗИП/ поштенски број,град
• телефонски број
• адреса на е-пошта
Дополнително нашата интернет страна користи алатка „Колачиња“ со која врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник. Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согланост и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“.
ПОЛИТИКА НА КОРИСТЕЊЕ НА „КОЛАЧИЊА“ (COOKIES)
1. Што претставуваат „колачиња“(cookies)?
Колачињата(cookies) претставуваат мали текстуални датотеки(фајлови), кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате на интернет. Овие датотеки можат да бидат прочитани од веб страниците кои ги посетувате и да придонесат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страната. Овие текстуални датотеки можат да се идентификуваат како „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња(cookies) остануваат на Вашиот компјутер и откога ќе го исклучите интернет пребарувачот, за разлика од привремените кои се бришат кога ќе го затворите интернет пребарувачот. Колачињата(cookies) можат да се користат за повеќе цели, како на пример да се запомнат Вашите активности или преференции, а се со цел да се обезбеди персонализирана и приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже историјата на пребарување на истата.
2. Зошто користиме „колачиња“(cookies)?
На веб страницата www.gemak.mk користиме колачиња(cookies) од следните причини:
- За да ги персонализираме содржините и рекламите
- За да обезбедиме карактеристики на социјалните мрежи и да анализираме сообраќај кој минува низ нашиот вебсајт
- За подобро техничко функционирање на страната;
- За подобрување на корисничкото искуство;
- За оптимизирање и унапредување на фунционалноста на веб страницата;
- За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страната (големина на фонт, контраст на боја итн.)
- За да запомниме дали се согласувате(или не) со нашето користење на колачиња(cookies) на оваа веб страница;
- Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето претходно пребарување, како на пример IP адресата, која содржина сте ја пребарале на нашата веб страница, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.
3. Каков вид на „колачиња“(cookies) користиме?
Веб страницата www.gemak.mk користи 4 вида на колачиња:
- Неопходни
Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата и пристап до безбедни делови на веб-страницата. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно.
2. Претпочитани
Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб-страницата да ги запомне информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.
3. Статистички
Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб-страници да сфатат на кој начин посетителите комуницираат со веб-страниците преку анонимно собирање и известување на информации.
4. Дали може да се избришат или контролираат „колачињата“(cookies)?
Информациите поврзани со колачињата(cookies) не се користат и не можат да се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на користење на овие колачиња(cookies) не е неопходно потребно за работа на нашата веб страница, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку не сте согласни со користењето на овие веб колачиња(cookies) истите може да ги избришете или блокирате, но во тој случај некои карактеристики на оваа веб страница можеби нема да работат правилно. Можете да ги избришете сите колачиња(cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од интернет пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потрба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога ја посетувате оваа веб страница, а исто така можно е да не работат некои услуги и функционалности.
5. Прифаќање на условите
Како корисник, Вие имате можност да дадете согласност за користење на сите колачиња(cookies) или да направите модификација кои колачиња давате согласност да се користат. Со користење на колачињата(cookies) Вие се согласувате со Политиката за користење на колачиња(cookies). Вашето континуирано користење на оваа веб страница следејќи ги нејзините промени ќе се смета како да се согласувате со дадените промени. Кога за прв пат ќе пристапите на страната на www.gemak.mk добивате порака која што Ве известува дека користиме неколку видови колачиња(cookies). Имате можност да одберете дали ќе ги одбиете, ќе дозволите избор или ќе ги дозволите сите. Доколку ја одберете опцијата – Дозволете избор, можете да одберете кои од четирите видови на колачиња ќе ги одобрите.
2. Начин на собирање на личните податоци
Вашите лични податоци се собираат исклучиво при Ваша нарачка на интернет страницата и се собираат директно од вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците.
3. За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?
Гемак ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:
• за реализација на on-line нарачките достапни на интернет страницата www.gemak.mk (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)
• за контакт по пат на електронска пошта и испраќање на информативен леток за актуални понуди од кој во секое време корисникот може да се откаже и да не ги добива во иднина со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на “Регистација / НЕ” во вашата корисничка сметка.
4. Начин на обработка на Вашите лични податоци
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.
Обработката на Вашите лични податоци Гемак Траде ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
6. Вашите права како субјекти на лични податоци
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:
• да се информирате од Гемак Траде околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;
• да побарате од Гемак Траде да ги дополни, измени и/или ажурира ако неговите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, пришто Гемак Траде треба да постапи по истото во рок од 15 дена и да изврши исправка на личните податоци;
• да побарате од Гемак Траде да ја ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат;
• да побарате од Гемак Траде да ги избрише Вашите лични податоци, при што Гемак Траде има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
• да поднесете приговор до Гемак Траде за начинот на обработката на Вашите лични податоци;
Е-маил адреса: gemak@gemak.com.mk
Контакт телефон: +389 02 3137 500
7. Давање податоци на користење на трети лица
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.
8. Пренос на лични податоци во други држави
Гемак Траде не врши пренос на лични податоци во трети држави.
9. Промена на политиката на приватност од Контролорот
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.