ПОЛИТИКА ЗА ДОСТАВА

Кога успешно ќе се изврши трансакцијата во нашиот систем автоматски се проследува твојата нарачка. Нарачката се пакува уредно во кеси/кутии и се предава на доставувачот кој ја испорачува според податоците наведени за доставување на пратката. Доставата во Скопје ја вршиме со наши сопствени возила, а за останатите градови во Републиката, доставата се врши со карго пошта со која што имаме склучено договор за соработка. Доставата на производите во Скопје се врши во истиот ден кога нарачката е направена пред 13:00 или најдоцна следниот работен ден кога нарачката е направена по 13:00. За останатите градови доставате е во рок од 2-3 работни дена .

Исто така можеш да купиш производ за друго лице или за подарок и да ги наведеш податоците и адресата за лицето што ќе ја прими нарачката. Во процесот на нарачка во вториот чекор Детали на нарачка во Дополнителни информации може да се споделат повеќе детали.

Доставата во Скопје е бесплатна ако нарачката изнесува над 1000 денари. За останатите градови доставата е бесплатна доколку нарачката изнесува над 2000 денари.