Политика за приватност

Оваа Политика за приватност има за цел да Ве информира во однос на личните податоци кои Гемак-Трејд Енвер ДОО експорт-импорт Скопје  (во натамошниот текст „контролорот“) во рамки на своите деловни активности ги обработува за Вас. Врз основа на Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст „законот“) при собирање на Вашите лични податоци, ние дејствуваме како контролор, и за обработката на истите сме должни да Ве информираме. Обработката на Вашите лични податоци за нас претставува исклучително сериозна активност, па од тие причини, за нивна заштита, ги преземаме сите неопходни технички и организациски мерки. Воедно, при обработка на Вашите лични податоци секогаш се водиме од начелата поврзани со обработката на личните податоци предвидени во законот.

Оваа политика се однесува на сите категории на субјекти на личните податоци, чии податоци ги обработуваме во согласност со законот.

Кои сме ние?

Контролор:

Назив: Гемак-Трејд Енвер ДОО експорт-импорт Скопје

Адреса: Бул. „Гоце Делчев“ бр.11/ДТЦ Мавровка

контакт Email: gemak@gemak.com.mk

Овластено лице за заштита на личните податоци, односно – Офицер :  Владимир Јовановски контакт: vladimir.jovanoski@gemak.com.mk   

Категории на субјекти на личните податоци

Ние како контролор за исполнување на нашите законски обврски, договорни обврски, за нормално функционирање на компанијата, исполнување на целите на проектот, како и во согласност со природата на работењето на компанијата, ги обработуваме личните податоци на следниве категории на субјекти на личните податоци:

  • Посетители на веб страницата – податоци за навигација, односно неопходни колачиња за нормално функционирање на веб страницата. Видете повеќе во политика за колачиња,
  • Вработени – податоците се обработуваат врз основа на законот за евиденции од областа на трудот, законот за работните односи, како и другите закони кои ја уредуваат оваа област,
  • Кандидати за вработување – податоците се обработуваат за исполнување на договорни обврски односно вработување на соодветниот кандидат,
  • Корисници на on-line купување – податоците се обработуваат со цел исполнување на договорна обврска – испраќање на купен производ, наплата за продадените артикли,
  • Лични податоци на ангажирани лица (надворешни соработници) – податоците се обработуваат за исполнување на договорни обврски кои произлегуваат од склучен договор со ангажираните надворешни лица.

Како ги собираме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци кои ги обработуваме односно собираме за Вас како посетители на нашата веб страна, за време на Вашата посета на нашата веб страна се податоци за навигација односно неопходни колачиња за нормално функционирање на нашата веб страница (повеќе информации во Политика за колачиња).

Веб страницата ви нуди можност да ни пишувате директна порака преку поставената контакт форма во делот на „Контакт“.

Исто така, веб страницата ја користиме и за информирање на јавноста со соопштенија, активности, објавување на податоци кои сме обврзани да ги објавувме за компанијата, како и податоци за контакт (адреса на компанијата, телефонски број, Email и информациии за офицерот за заштита на личните податоци).

Посетители на нашата веб страница:

При посетата на нашата интернет страна, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса.
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел.
  • Вашиот оперативен систем.
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија.
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна.
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете нашата веб страна.
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите.
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Повеќе информации во Политика за колачиња.

Контакт форма

Доколку сакате да ни пратите порака директно преку контакт форма, мора да се достават следниве категории на лични податоци:

  • Вашето име и презиме.
  • Вашата Email адреса.
  • Телефонски број.
  • Вашата порака.

Податоците од контакт формата се обработуваат од овлатеното вработено лице во согласност со природата на добиената порака.

Лични податоци на вработени лица

Податоците за вработени лица се прибираат врз основа на член 8 и член 20 од Законот за евиденции од областа на трудот, а кои податоци се неопходни за исполнување на конкретни права и обврски од работниот однос. Во таа насока, за нашите вработени обработуваме:

  • име и презиме на вработените;
  • име на еден од двата родитела;
  • датум на раѓање;
  • место на раѓање;
  • општина на раѓање;
  • адреса на живеење или престојување;
  • место на живеење;
  • општина на живеење;
  • единствен матичен број на граѓанинот;
  • држава;
  • припадност на заедница;
  • пол;
  • Email адреса;
  • телефон ;
  • податоци за тековното вработување и за претходните вработувања (група, подгрупа, категорија, ниво и работно место) ;
  • податоци за образованието, стручните квалификации и работните компетенции;
  • податоци за годишните оцени; и
  • податоци за висината на платата и на надоместоците од плата;
  • број на трансакциска смета;
  • ЕМБГ;

Рокот за чување на личните податоци на вработените е утврден со Законот за евиденција од областа на трудот и листа на документарен материјал со рокови на чување на компанијата. Досиејата на вработени се чуваат 45 години од денот на престанок на работниот однос. Сите други податоци за вработените се чуваат во согласност со предвидените рокови во Процедурата за ограничување на роковите за чување и листата на документарен материјал со рокови за чување.

Лични податоци на кандидати за вработување

Личните податоци за кандидатите за вработување ги обработуваме преку доставувањето на CV, апликација за вработување, мотивациско писмо или при извршување на интервју/тестирање. Обработката на Вашите лични податоци се врши во согласност со член 10 став 1 алинеја 2 од законот за заштита на личните податоци, а кој се однесува на обработка на податоци за исполнување на договорни обврски или за да се преземаат активности за склучување на договор. Во таа насока за Вас како кандидати за вработување се обработуваат:

  • Име и презиме,
  • Датум место на раѓање,
  • Адреса на живеење,
  • Информација дали поседувате возачка дозвола,
  • Контакт (број на телефон, Email),
  • Образование,
  • Занимање/професија,
  • Работно искуство,
  • Познавање на странски јазици,
  • Познавање на работа со ИКТ технологии
  • Други соодветни познавања од областа на работното место за кое аплицира

Вашите лични податоци во текот на целиот процес на избор на кандидат се обработуваат со цел склучување на договор за вработување, донесување на одлука за висина на платата. По завршување на постапката, доколку сте избрани за работната позизија ќе се пристапи кон склучување на содоветен договор за вработување. Во спротивно, Вашите лични податоци, вклучувајќи ја документацијата која сте ја поднеле кај нас (CV, мотивациско писмо, копија од дипломи, сертификати и други докази) се враќаат кај Вас или се уништуваат доколку се поднесени како копија. Доколку сметаме дека вашето работно искуство може во иднина да биде потребно за нашата компанија, со Ваша изречна согласност ќе продолжиме да ги чуваме Вашите податоци за да бидете контактирани во моментот кога ќе се ослободи соодветно работно место. Оваа обработка на лични податоци се основа на Вашата изречна согласност и како таква можете да ја повлечете во секое време бесплатно, при што повторно се пристапува кон бришење/враќање/уништување на Вашите лични податоци.

Лични податоци на корисници на on-line купување

Нашата веб страница Ви нуди можност за он-лајн купување на производи кои ги нуди нашата компанија. Податоците кои се прибираат за Вас при купување на производите се користат исклучиво за навремена и точна испорака. Финансиските податоци кои ги внесувате при плаќање на производите се обработуваат во соодветната банка и истите не се обработени од страна на компанијата. Податоците кои се неопходни за извршување на испорака на купените производи кои Вие треба да ги внесете на нашата веб страница се:

  • Email адреса,
  • име и презиме,
  • улица, град,
  • телефон,
  • дополителни информации (незадолжителен податок).

По внесување на неопходните податоци се нарачува прозиводот и понатаму се испорачува до дадената адреса.

Податоците се чуваат во согласност со внатрешните процедури за утврдување на роковите за чување, правилата за архивско и материјално работење како и правилата за финансико работење.

Лични податоци за ангажирани лица (надворешни соработници)

Во рамки на исполнување на деловните активности, компанијата ангажира надворешни соработници. Со сите лица кои се одбрани за соработка, компанијата склучува соодветен договор за соработка. Во рамките на оваа соработка за оваа категорија на субјекти, се обработуваат следниве категории на лични податоци:

  • Име и презиме.
  • ЕМБГ.
  • Број на лична карта.
  • Адреса.
  • Контакт податоци (број на телефон, Email)
  • Занимање/професија.
  • Работни часови.
  • Трансакциска смета
  • Други податоци поврзани со исполнување на договорот.

Податоците се обработуваат со цел извршување на доворите со нашите надворешни ангажирани лица (соработници). Рокот за чување на податоците е утврден со интерните прописи и истиот изнесува 10 години од денот на раскинување на договорот. Уништувањето се врши во согласност со интерните прописи и правилата за архивско и канцелариско работење.

Споделување на лични податоци

Во зависност од категоријата на субјекти на личните податоци, со цел спроведување на законските права и обврски, можно е Вашите податоци да бидат споделени со трети страни. Во рамки на вработувањето податоците се споделуваат со Агенцијата за вработување, Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско осигурување, Вашата определена банка за  примање на плата, Управа за јавни приходи, како и други надлежни институции. Вашите податоци како учесници на обуки и соработници не се споделуваат со трети страни.

 

Откривање на лични податоци

Личните податоци кои ги обработуваме се откриваат само врз основа на писмено барање од овластени лица врз основа на закон.

Доколку контролорот ангажира обработувач, истото го врши со целосно почитување на член 32 од Законот за заштита на личните податоци, и ги презема сите технички и организациски мерки за заштита на обработката на личните податоци. При избор на обработувач компанијата има донесено процедура за избор на обработувачи, која како критериум за избор го предвидува и нивото на усогласување со законот за заштита на личните податоци.

Безбедност на личните податоци

Компанијата ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на обработката на личните податоци соодветно на ризикот, на правата и слободите на субјектот на личните податоци. Компанијата вложува посебни напори и средства за обука за заштита на личните податоци на вработените, а посебно на офицерот за заштита на личните податоци. Податоците во хартиена верзија се чуваат во посебни простории и пристапот е ограничен само на овластените лица. Податоците во електронска верзија се обработуваат во апликации кои се користат на ниво на компанијата, во кои исто така е ограничен пристапот и се преземени сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Вашите права

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате овластеното лице за заштита на личните податоци.

Вашето право за поднесување на барање до надлежниот орган

Доколку сметате дека компанијата при обработка на Вашите лични податоци ги повредува одредбите од ЗЗЛП, можете да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци. Барање: https://www.dzlp.mk/node/3274