Правила на наградната игра: “Едно кафе менува сé”
- Организатор:
Организаторот на наградната игра е Друштво за посредување и трговија ГЕМАК – ТРАДЕ Енвер ДООЕЛ експорт импорт Скопје, со седиште на Бул. Гоце Делчев бр.11/ДТЦ Мавровка, Скопје, Р.С.Македонија
-
Цел на наградната игра:
Целта на оваа наградна игра е рекламирање на производите DonCafe на организаторот на наградната игра: Друштво за посредување и трговија ГЕМАК – ТРАДЕ Енвер ДООЕЛ експорт импорт Скопје.
-
Име, опис и времетрање на наградната игра:
Името на наградната игра е “ Едно кафе менува сé “.
Времетраењето на наградната игра е oд 01.03.2020 дo 31.12.2020 година.
Наградната игра е од типот инстант наградна игра односно со самото купување и отварање на производите DonCafe, од било кое пакување со ознака на промотивен стикер за наградната игра “Едно кафе менува се”, во сите малопродажни објекти на територијата на Република Северна Македонија каде што истите се продаваат, потрошувачот ќе знае дали е добитник на некоја од наградите. Доколку во пакувањето нема награда, на внатрешноста од пакувањето ќе биде испишан код кој треба да се внесе на сајтот на www.doncafe.mk и со тој код ќе учествува во извлекувањата за „втора шанса“ и во „финалното извлекување“.
-
Потврда:
Потврдата врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра, е текстот со името на добивката и/или кодот, кој се наоѓа испишан на предната страна од внатрешноста на амбалажата на производот DonCafe.
Во производите на DonCafe од било кое пакување со ознака на промотивен стикер за наградната игра “Едно кафе менува се“, на предната страна од внатрешноста на пакувањето јасно е отпечатен текст за типот на добивката од подолу наведениот фонд на награди, и со отварање на пакувањето, купувачот може да ја види наградата која ја добива.
Доколку купувачот добие пакување DonCafe со код од 8 карактери, а не текст со некоја од наградите наведени во фондот на награди, ќе има можност да го внесе кодот заедно со името и презимето како и контакт телефон број и личен е-маил на сајтот www.doncafe.mk и кодовите ќе учествуваат во онлајн извлекувањето за наградите “втора шанса” наведени во фондот на награди. Извлекувањето на наградите “втора шанса” ќе се одвива на лаптоп автоматски преку Random Generator Code пред тричлена комисија во 10 етапи и тоа:
1-во извлекување на 10 добитници на наградата втора шанса – 31.03.2020 во 12 часот
2-ро извлекување на 10 добитници на наградата “втора шанса” – 30.04.2020 во 12 часот
3-то извлекување на 10 добитници на наградата “втора шанса” – 01.06.2020 во 12 часот
4-то извлекување на 10 добитници на наградата “втора шанса” – 30.06.2020 во 12 часот
5-то извлекување на 10 добитници на наградата “втора шанса” – 31.07.2020 во 12 часот
6-то извлекување на 10 добитници на наградата “втора шанса” – 31.08.2020 во 12 часот
7-мо извлекување на 10 добитници на наградата “втора шанса” – 30.09.2020 во 12 часот
8-мо извлекување на 10 добитници на наградата “втора шанса” – 30.10.2020 во 12 часот
9-то извлекување на 10 добитници на наградата “втора шанса” – 30.11.2020 во 12 часот
10-то извлекување на 10 добитници на наградата “втора шанса” – 31.12.2020 во 12 часот
Секој учесник кој еднаш испратил код учествува со истиот код во сите онлајн извлекувања. Исто така еден учесник може да испрати неограничен број на кодови од недобитните пакувања.
Извлекувањата на наградите “втора шанса” ќе се одвиваат во живо на Фејсбук страницата на https://www.facebook.com/doncafemk/ во присуство на тричлена комисија, составена од Нотар, претставник од Гемак и претставник од маркетинг агенцијата Represent Скопје во просториите на организаторот на наградната игра Гемак Траде на следната адреса Бул. Гоце Делчев бр.11/ДТЦ Мавровка, Скопје, Р.С.Македонија.
5. Територија:
Наградната игра ќе се приредува на територијата на Република Северна Македонија, односно во сите малопродажни објекти каде се продава производот DonCafe.
6. Податоци за наградите во наградната игра:
Во наградната игра ќе се доделат вкупно 14 143 награди и тоа:
Награден фонд | Количина | Единечна цена цена со ДДВ | Вкупен износ со ДДВ |
Вредносни награди од 100.000 ден | 10 | 100.000,00 ден | 1.000.000,00 ден |
Вредносни награди од 3.000 ден (втора шанса) | 100 | 3.000,00 ден | 300.000,00 ден |
Вредносни награди од 100.000 ден (финално извлекување) | 3 | 100.000,00 ден | 300.000,00 ден |
Лаптоп HP 250 G7 i3-7020U 4GB/500GB/15,6″ | 10 | 15.229,70 ден | 152.297,00 ден |
Мобилен телефон HuaWei P Smart Z (Stark) Saphire Blue | 10 | 11.999,00 ден | 119.990,00 ден |
FUEGO 43″(109cm) Full HD SMART LED TV | 10 | 11.000,00 ден | 110.000,00 ден |
Кафе шоља | 4.000 | 50,00 ден | 200.000,00 ден |
DonCafe Moment 100 gr | 5.000 | 30,00 ден | 150.000,00 ден |
DonCafe Minas 100 gr | 5.000 | 27,00 ден | 135.000,00 ден |
ТОТАЛ | 14.143 | 241.335,70 ден | 2.467.287,00 ден |
Вкупниот награден фонд е 2.467.287,00 денари со вклучен ДДВ.
- Услови за учество:
Секое полнолетно физичко лице кое во периодот на времетраењето на наградната игра, ќе купи било кој од производите на DonCafe со ознака на промотивен стикер за наградната игра “Едно кафе менува се”, во сите малопродажни објекти на територијата на Република Северна Македонија каде што истите се продаваат се стекнува со право на учество во наградната игра.
За учество во наградната игра нема ограничување, еден потрошувач може да купи неограничен број кесички а притоа да освои и повеќе награди.
- Постапка на приредување:
Наградната игра се спроведува во период 01.03.2020 дo 31.12.2020 година во секој малопродажен објект на територијата на Р.С.Македонија во кoи се продаваат производите на DonCafe.
Од страна на организаторот во малопродажба ќе бидат пуштени 14.040 инстант добитни производи на DonCafe. Учесникот во наградната игра ќе утврди дали пакувањето е добитно или недобитно со отварање на пакувањето, каде јасно и недвосмислено во пакувањето на производот на внатрешната страна е испишан текст со содржина за типот на наградата доколку пакувањето е добитно или код кој купувачот доколку го внесе на веб сајтот www.doncafe.mk ќе учествува во извлекување на наградите “втора шанса” и “финално извлекување”.
Во “финалното извлекување” учествуваат сите купувачи на некој од производите на DonCafe кои добиле код и го испратиле на www.doncafe.mk најдоцна до 31.12.2020 до 23:59 часот. Доколку до 10.01.2021 година некоја од наградите предвидени во наградниот фонд не биде доделена или останало некупено некое наградно пакување, овие награди ќе се вклучат во “финалното извлекување” кое ќе се случи на 13.01.2021г во 12часот во просториите на организаторот на наградната игра Гемак Траде на Бул. Гоце Делчев бр.11/ДТЦ Мавровка, Скопје, Р.С.Македонија и извлекувањето ќе биде софтверски. Во “финалното извлекување” покрај наградите од наградниот фонд кои не биле доделени ќе бидат извлечени и три (3) награди од 100.000 денари. Извлекувањата ќе се одвиваат во живо на Фејсбук страницата на https://www.facebook.com/doncafemk/ во присуство на тричлена комисија, составена од Нотар, претставник од Гемак и претставник од маркетинг агенцијата Represent Скопје.
- Начин на објавување на добитниците:
Списокот на добитниците кои добиле награда со самото отворање на пакувањето ќе биде објавен во рок од 3 дена од денот на утврдување на сите добитници, а списокот на добитници од извлекувањето за “втора шанса“ и “финалното извлекување“ ќе биде објавен во рoк од три дена од секое извлекување на веб страната на www.gemak.mk, www.doncafe.mk како и на фејсбук страницата на Don Café.
- Превземање на наградите:
Секој учесник кој поседува кесичка на која на внатрешната страна од пакувањето се испишани добивки должен е да се јави во центарот за повици на бројот 070 37 99 00 каде ги остава своите лични податоци: Име и презиме, број на телефон, емаил адреса, адреса на живеење наведена во документот за лична идентификација кој ќе го приложи при подигање на наградата.
Учесниците кои се пријавиле во центарот за повици, должни се да ја чуваат добитната кесичка која задолжително се приложува при идентификација на добитникот и подигнување на стоковите и паричните награди. Добитникот на стоковните награди кој нема да ја приложи добитната кесичка во моментот на подигање на наградата во продажното место каде ја купил, нема да може да го оствари правото на подигнување на наградата. Добитникот на паричните награди кој нема да ги поднесе личните податоци и трансакциската сметка заедно со добитната кесичка на продажното место каде го купил наградното пакување нема да може да го оствари правото на подигнување на наградата.
Работното време на центарот за повици е од понеделник до петок секоја недела од 09-16ч (освен за време на празници) во кој временски период учесниците може да пријават дека поседуваат добитна кесичка
Приложувањето на добитното пакување на кој е испишана наградата, добитникот е должен да го предаде веднаш на организаторот во продажното место каде е купено или најдоцна до 10.01.2021 година на адреса на организаторот. Организаторот е должен да ја обезбеди наградата, и на добитникот да му ја издаде веднаш или најдоцна во рок од 10 дена од предавањето на добитното пакување. На добитниците на наградите од извлекувањата “втора шанса“ и “финално извлекување“ организаторот е должен да му ја предаде наградата во рок од 10 дена од објавувањето на добитниците од секое извлекување.
Предавањето на наградите “100.000d” ќе се изврши најдоцна до или во рок од 10 дена од од денот на објавување на добитниците на наградите, а по пријавување на трансакциската сметка која ја пријавил добитникот во центарот за повици и по предавањето на добитното пакување во продажното место каде е купено тоа пакување.
Предавањето на наградите “Laptop”, “Mobilen” и/или “TV” ќе се изврши најдоцна до или во рок од 10 дена од денот на објавување на добитниците на наградите, а по пријавување на добитникот во центарот за повици и по предавање на пакување во продажното место каде е купено тоа пакување каде што добитникот ќе може и да ја подигне наградата.
Предавањето на наградите “Sholja” и “Kafe100g” ќе се изврши најдоцна до или во рок од 10 дена од денот на пријавување на добитникот во центарот за повици и по предавање на пакување во продажното место каде е купено тоа пакување каде што добитникот ќе може и да ја подигне наградата.
Предавањето на наградите “втора шанса” и “финално извлекување” ќе се изврши најдоцна до или во рок од 10 дена од денот на објавување на добитниците на наградите, а по пријавување на добитникот во центарот за повици и по предавање на пакување во продажното место каде е купено тоа пакување каде што добитникот ќе може и да ја подигне наградата.
Контрола на валидноста на добивките ќе врши комисија составена од лица именувани од организаторот на наградната игра.
- Начин на запознавање на учесниците:
Правилата на наградната игра ќе бидат објавени на веб страната на www.gemak.mk и на www.doncafe.mk пред започнување на наградната игра, а по добивање на согласност од страна на Министерството за финансии.
Учесниците за наградната игра ќе бидат запознати и преку плакати залепени на малопродажните објекти, билборди, флаери и рекламни спотови.
- Рок во кој незадоволниот учесник во наградата игра има право да поднесе приговор против приредувачот на наградната игра:
Учесниците во наградната игра имаат право да поднесат приговор во рок од 3 работни дена од денот на објавувањето на добитниците.
Приговорот се поднесува исклучиво во писмена форма до организаторот на наградната игра: ГЕМАК – ТРАДЕ Енвер ДООЕЛ експорт импорт Скопје со седиште на Бул. Гоце Делчев бр.11/ДТЦ Мавровка, Скопје, Р.С.Македонија.
Организаторот на наградната игра е должен во рок од 7 работни дена од денот на приемот на приговорот да одговори на истиот.
- Забрана за учество во наградната игра:
Во наградната игра немаат право на учество вработените и нивниот потесен круг од нивните семејства во Друштво за посредување и трговија ГЕМАК – ТРАДЕ Енвер ДООЕЛ експорт импорт Скопје.