fbpx

GUINNESS Draught Stout Лименка од сега и кај нас

Од минатиот месец, постоечката понуда на Guinness: точено и во стаклено шише, ја збогативме со GUINNESS Draught Stout Лименка. Guinness во лименка е исклучително иновативен производ, кој го нуди вистинскиот вкус и послужување на точено темно пиво. Се карактеризира со слатка миризба надополнета со мирис на кафе и слад. Ова темно пиво со идеална бела пена, има перфектен баланс на слаткост и горчина, а завршетокот е неодоливиот вкус на печен јачмен.

Тајната на правење на пиво кое има богат и кремав вкус и мека текстура е во употребата на азот. Вешто спојување на азотниот гас и карбон диоксид создава перфектно балансирано темно пиво.

Но, како технологијата која беше развиена за да се сервира точено пиво во баровите се искористи за да се создаде перфектно послужен Guinness од лименка?

Со појава на бело топче кое плива во лименката. Светски познатата иновација на Guinness е капсула наполнета со азот, којашто испушта меурчиња веднаш штом ќе се отвори лименката при што добивате точено пиво од лименка.

Резултатот е перфектно меко пиво – неповторливиот Guinness.