Маријан Блажески
Сениор маркетинг координатор за промоции и активации
Во Гемак, секој ден е поинаков кога ќе се појави Маријан Блажески, нашиот сениор маркетинг координатор за настани и промотивни активности, но и графички дизајнер и илустратор.
Познат е како најкреативниот човек во тимот и како колега кој не одбива работа, подготвен e да помогне секогаш. Маријан е староседелец во Гемак кој ја обожава својата работа и секогаш внесува свежи идеи и инспирација.
Вистински обожавател на „џорданки“ патики и не може да се одвои од својата BMW “коцка”, која му служи како верен сопатник во авантурите за кои сонува.
На работа, пак, секогаш носи позитивна енергија и не одбива добра нарачка за храна.
Најдобариот опис за Маријан лежи во поговорката „еден збор – еден грош“.
Ретко се расфрла со зборови, но затоа секоја дискусија ја користи за размена на идеи и учење на нешто ново.
А, неговото најголемо училиште и најголемо богатство е неговата ќеркичка Миа. Таа е неговиот грош и без оглед на обврските и предизвиците, таа секогаш наоѓа начин како да го окупира тато и да му го направи денот посветол.
Марјан, ти си навистина посебен и Гемак е побогат со тебе.