Што е Гемак онлајн шоп?

Гемак онлајн шоп е онлајн продавница и сервис во која се понудени едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, кафе, чај, вода и непрехрамбени производи…едноставно нудиме широка палета на премиум брендови кои ги задоволуваат вкусовите на милиони луѓе ширум светот. Во нашата продавница сите производи се уредно подредени по категории и се лесни за пребарување. 

Како функционира купувањето на Гемак онлајн шоп ?

Веќе си во виртуелната продавница на Гемак и можеш лесно да ги пребараш производите кои ти се потребни. Кога ќе го најдеш производот кој сакаш да го купиш, ги селектираш варијаблите кои се дадени да се изберат за производот на пример количина, димензии итн. Потоа со еден клик го додаваш производот во својата кошничка. Во кошничката можеш да додадеш онолку производи колку што сакаш да купиш. Откако ќе ја наполниш својата кошничка со сите производи кои си ги одбрал можеш да продолжиш кон процесот на наплата и внесувањето на податоците за доставата. Кога ќе се изврши наплатата ние го припремаме производот за испорака и истиот ти го испорачуваме до врата согласно правилата за испорака.

Дали е потребно да имам кориснички профил на Гемак онлајн шоп за да купам?

За да купуваш на www.gemak.mk не е потребно да имаш кориснички профил. Доволно е само да го внесеш својот e-mail. 

Дали можам да направам нарачка по телефон?

Не, нарачките се прават само онлајн. Секако, доколку имаш проблем со нарачката, нашата служба за Грижа на корисници ќе направи сè што може за да ти го олесни купувањето. Јави се на нашиот контакт телефон +389 76 836 245 или пиши ни на нашата контакт e-mail адреса eshop@gemak.com.mk.

Испратив e-mail на вашата контакт адреса, но сè уште немам добиено одговор?

Работното време на Грижата на корисници на Гемак е од 09:00 до 16:00 секој ден во текот на работната недела. Се трудиме да одговараме на сите пораки во текот на 24 часа. Се извинуваме ако сè уште немаш добиено одговор, ќе ти одговориме најбрзо што можеме.

Како ќе знам дека успешно сум купил/а?

Во моментот кога успешно ќе ја завршиш процедурата за купување на производот на твојата e-mail адреса, која ја имаш оставено при купувањето, ќе пристигне автоматска потврда од нашиот систем дека продажбата е успешно направена. По купувањето ќе бидеш пренасочен/а на екран каде пишува дека трансакцијата е успешна, ако истата била процесирана успешно. По успешната трансакција ќе добиеш SMS на твојот телефонски број од страна на твојата банка доколку банката ја нуди оваа опција.

Сакам да купам производ, но ми се појавува порака дека плаќањето е неуспешно ?

Ако ти се појави порака дека плаќањето е неуспешно, односно не може да се реализира трансакцијата, најпрво провери дали успешно и точно си ги пополнил/а сите празни полиња со податоците за плаќањето, дали е сè во ред со твојата картичка, провери ја важноста на картичката и дали имаш доволно средства за да се изврши купувањето. Ако твоите податоци се успешно внесени и сè е во ред со твојата платежна картичка , тогаш најверојатно проблемот е технички. Исконтактирај нè на eshop@gemak.com.mk за да можеме да ја провериме трансакцијата и да го решиме проблемот.

Со кои картички можам да купувам?

Можеш да купуваш со сите кредитни и дебитни платежни картички од сите банки (Visa, Master Card, Maestro), само доколку твојата банка одобрува плаќање на интернет со твојата платежна картичка. Доколку имате дополнителни прашања контактирај ја својата банка за подетални информации.

Кои податоци од картичката треба да ги споделам во процесот на купувањето ?

За да може да се изврши наплата од твојата платежна картичка потребно е да ги оставиш сите податоци кои се бараат во полето за наплата: бројот на картичката без празен простор помеѓу броевите, име и презиме на сопственикот на картичката, датумот до кога важи картичката, CVC/CVV кодот кој се наоѓа на задната страна на картичката.

Дали можам да платам со уплатница или во кеш на врата?

Не, принципот на плаќање во нашата продавница е само електронски со картичка.

Дали моите податоци кои ги споделувам во процесот на плаќање се безбедни ?

Секоја трансакција на www.gemak.mk со платежна картичка се одвива преку сигурносниот систем на Халк Банка. Податоците кои ги внесуваш при плаќањето од твојата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Халк Банка. Во моментот кога го извршуваш плаќањето и ги внесуваш податоците, истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи.

На кој начин се одвива доставата на производите?

Кога успешно ќе се изврши трансакцијата во нашиот систем автоматски се проследува твојата нарачка. Нарачката се пакува уредно во ќеси, кутии и се предава на доставувачот кој ја испорачува според податоците наведени за доставување на пратката. Доставата во Скопје ја вршиме со наши сопствени возила, а за останатите градови во Републиката, доставата се врши со карго пошта со која што имаме склучено договор за соработка. Доставата на производите во Скопје се врши во рок од 2 часа од моментот на потврда на примената нарачка. За останатите градови доставате е во рок од 2-3 работни дена .

Дали можам да купам производ и да биде испорачан на друга адреса за друго лице или за подарок?

Да, можеш да купиш производ за друго лице или за подарок и да ги наведеш податоците и адресата за лицето што ќе ја прими нарачката. Во процесот на нарачка во вториот чекор Детали на нарачка во Дополнителни информации може да се споделат повеќе детали.

Дали доставата е бесплатна ?

Доставата во Скопје е бесплатна ако нарачката изнесува над 1000 денари. За останатите градови доставата е бесплатна доколку нарачката изнесува над 2000 денари.

Купив производ од www.gemak.mk но ми беше доставен оштетен? Како да го вратам?

Кога производот ќе ти биде доставен треба да провериш дали е оштетен. Доколку од било која причина производот што си го добил е оштетен, истиот ќе биде заменет во најбрз можен рок, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба – онаков како што си го добил/а.