Guinness – Тајна состојка за магија во кујната

Кујната е место за екпериментирање, а зошто да не додадете и малце магија во стандарните рецепти.

Пивото е одлична тајна состојка во готвењето, полна со богати вкусови, текстури и комбинации. Готвењето со темно пиво е добро позната практика кај врвните готвачи, а ако сте љубител на истото, еве ви причина да влезете во кујната.

Свинско филе во глазура од Guinness

Потребни состојки за 6 порции:

  • 1 парче свиско филе без коска (600-800гр)
  • 400 гр. сланина
  • ¾ шоља Guinness
  • ½ шоља кафеав шеќер
  • 1 ½ лажички јаболков оцет
  • 1 ½ лажички сенф
  • 1 лажичка Worcestershire сос
  • ½ лажичка крупна сол
  • ¼ лажичка лук во прав
  • Пртофат црвен пипер
  • Гранчиња рузмарин за декорација*

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 190⁰
  2. Измаринирајте го филето со сол, а потоа завиткајте го во сланината така што секое парче сланина ќе се преклопува со претходното. Прицврстете ја сланината со чечкалици.
  3. Завиткајте го во фолија и ставете го да се пече 30 минути во претходно загреаната рерна.
  4. Откријте го месото од фолијата и печете дополнителни 20 минути.
  5. Во сад, на ниска температура на рингла измешајте Guinness, кафеав шеќер, оцет, сенф, Worcestershire сос, сол, лук во прав и црвен пипер. Мешајте додека не зоврие, а потоа намалете и мешајте додека не добиете смеса налик на ситуп.
  6. Извадете го местото од рерна и полијте го со добиената смеса, а потоа печете уште 8-10 минути.
  7. Оставете го месото малце да се излади пред да го исечете, а потоа декорирајте со рузмарин.

Видео од рецептот:

https://www.facebook.com/buzzfeedtasty/posts/2953189271600369


Похован кромид со Guinness (мезе)

Потребни состојки:

  • ¼ шоља Guinness
  • ½ шоља сенф
  • ¼ шоља мед
  • 1 лажичка кари во прав
  • ¼ лажичка црвен пипер
  • ¼ лажичка пипер во прав
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажижка јаболков оцет
  • ¼ шоља мајонез
  • 3 главици кромид
  • 2 јајца
  • Кефир
  • 2 ½ шољи брашно
  • 1/3 шоља нишесте
  • Сода бикарбона

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте Guinness, ½ шоља сенф, мед, кари, црвен пипер и пипер, сол, оцет и мајонез.
  2. Исечете го кормидот на средно дебели кругови (прстени) и оставете ги во сад со кефир 1 час.
  3. Во сад ставете го брашното заедно со нишесте, прстофат сол и сода бикарбона и убаво измешајте.
  4. На страна, во друг сад ставете 2 јајца, ½ шоља сенф и 2 2/3 шољи Guinness. Убаво измешајте со маталка и додатете ја целата смеса во садот со брашно. Мешајте додека не се соединат.
  5. Извалкајте ги круговите кромид во смесата и пржете додека не добијат карамелизиран изглед во загреан сад со масло.
  6. Послужете со претходно напрвавениот сос и секако, чаша Guinness.

Видео: https://www.facebook.com/buzzfeedtasty/posts/3168618046724156