Вистинските љубители на слатки барем еднаш во животот пробале десерт со Baileys. Единствениот вкус на ирскиот крем им дава посебен шарм на сите слатки, а посебно на оние кои ги подготвувате дома за најблиските.
Доколку се двоумите што следно да подготвите за десерт, еве две идеи кои со сигурност ќе ви го олеснат изборот.
Baileys Salted Caramel Affogato
Потребни состојки:
- Слатка павлака
- 1 кондензирано благо млеко
- Baileys Irish Cream
- Путер
- Кафеав шеќер
- Сол во кристали
- Еспресо
Начин на подготовка:
- Во сад додавате 2 шољи слатка павлака и матите со миксер додека не се згусне. Потоа го додавате конзензираното млеко и матите повторно да се соединат. На крај ставате 1/3 шоља Baileys и матите повторно.
- Во друг сад на тивок оган, ставате ½ шоља путер да се растопи. Во него додавате 1 ½ шоља кафеав шекер и промешувате. Додавате 6 лажици слатка павлака, 2 лажици Baileys и 1 лажичка сол во кристали. Вака промешаната смеса ја оставате на оган да зоврие.
- Во долганество тавче за ладење го истурате кремот од првиот сад и го измазнувате. Врз него истурате малку повеќе од половина од смесата од вториот сад рамномерно низ целото тавче и со лажица полека ја промешувате низ кремот.
- Тавчето го ставате да се лади 4 часа во замрзнувач.
- Сервирате во чаша, правејќи топки со специјална лажица за сладолед. Ги поливате со остатокот од глазурата и со една доза топло еспресо.
Видео со рецептот погледенте на линкот: https://www.facebook.com/buzzfeedtasty/videos/591458288457502
Baileys French Toast
Потребни состојки:
- 100мл Baileys
- 2 јајца
- 30мл млеко
- 4 парчиња леб
- 40гр путер
- Шлаг, малини, капини и шеќер во прав за декорација
Начин на подготовка:
- Постапката е слична како за пржени лепчиња. Се матат двете јајца, се додава млекото и Baileys кремот и се меша за да се добие убава смеса.
- Лепчињата се потопуваат во смесата и се остваат неколку минути.
- На оган се топи путерот на среден оган и се ставаат лепчињата да се испржат.
- Се сервира во чинија и се декорира со шлаг и многу овошје. За крај по избор може да се додаде и чоколаден прелив и шеќер во прав.
Видео со рецептот погледенте на линкот: https://www.youtube.com/watch?v=ipytZ2bXuy4&feature=emb_title
Повеќе рецепти за вкусни кафиња, коктели и десерти со Baileys погледнете на – https://www.youtube.com/watch?v=nZntXwbS7xQ