За празниците што следат подарете подарок со стил

Празниците се најубавиот период во годината кога сите сакаме да ги изненадиме своите најблиски, пријатели и колеги со мал подарок кој ќе им го стопли срцето.

Покрај вообичаените новогодишни подароци, оваа година е вистински момент да подарите подарок кој навистина ќе се вклопи во празничната трпеза, а тоа е секако пијалак.

Ви даваме неколку идеи кои со сигурност ќе ги израдуваат оние кои се љубители на добар пијалак.

За љубителите на џин –

Во последните неколку година џинот како категорија ја достигна својата популарност и привлече многу внимание кај консументите насекаде во светот. Сигурно познавате барем еден кој секогаш пие џин тоник и токму Tanqueray или Tanqueray No.10 би бил совршен подарок за него/неа. 

За љубителите на благи ликери-

Дефинитивен победник во категоријата слатки ликери. Одличен подарок за сладокусците кои покрај во чаша како пијалак, може да го употребат и во подготовка на вкусни рецепти за торти, колачиња и кафе. А кој не би сакала подарок кој асоцира на десерт?

За љубителите на виски –

На оваа тема можеме да зборуваме на долго и на широко, но оваа година ќе се задржиме на единствената класика – Johnnie Walker. Уживателите на оваа категорија секогаш се радуваат на флаша добро виски, а оваа година по повод 200 годишнината, Johnnie Walker е во нова дизајнерска амбалажа што го прави совршен подарок и за колекционерите на различни лимитирани едиции.

За љубителите на сингл малтови-

Долгите зимски ноќи во комбинација со The Singleton и добра храна е дефиниција за хедонизам.

Познавачите на сингл малт категоријата ќе се согласат дека The Singleton е еден од најкарактеристичните малтови. Перфектно балансирани сингл малт скоч виски, произведени да бидат лесни и деликатни со слоеви од различни вкусови за да понудат виски кое ќе биде уживање за сите.

The Singleton of Dufftown 12 year old има перфектно балансиран и мазен вкус, со ноти на печени јаболка,ореви и кафеав шеќер.

The Singleton of Dufftown 15 year old елегантен и зрел,со ноти на есенски овошја, црвени шумски плодови и цимет.

The Singleton of Dufftown 18 year old нежен и богат, слатки ноти од есенски овошја, бланисрани со вкусови на јаткасти плодови и зачини.

 

Искористете го актуелниот попуст од 10% на нашата веб продавница и израдувајте ги вашите најблиски!