The Singleton Of Glendullan 19YO Special Release

7,250ден

„Legends Untold” специјално издание од колекцијата на Single Malts . За сите љубители на виски, оваа колекција
преку својот дизајн ги споделува нераскажаните приказни за дестилериите, на нов и уникатен начин. Во древните
шкотски басни, суштествата од другиот свет биле главни заштитници на дестилериите. Токму затоа оваа колекција ги
оживува митските суштества, ги открива нивните вистински ликови и ги спојува со најценетите резерви на виски на
Diageo кои зреаат во Шкотска.

The Singleton 19 Years Old Special Release е сингл малт кој ја симболизира хармонијата помеѓу бујни и медени вкусови на малт
чија завршница е во буриња од коњак.

Мирис: Мек мирис со горни ноти на суви смокви и касјии. Средните мирисни ноти се на лесна овошна торта и марципан.

Вкус: Нежен, со мека текстура. На почетокот зачадена сува нота која подоцна станува богата и овошна.

Завршеток: Долг, топол благо-киселаст завршеток со вкус на ѓумбир.

На залиха

The Singleton Of Glendullan 19YO Special Release

7,250ден