Нов бренд во портфолиото на Гемак – Smoking

Гемак го прошири своето портфолио и започна со дитрибуција на нов бренд во категоријата на додатоци за тутунски производи – Smoking, дел од групацијата Miquel y Costas.

Smoking е еден од најпознатите брендови во оваа категорија и во светски рамки датира од почетокот на 20тиот век кога започнало првото производство на хартија за тутун во Барселона, Шпанија.

Од тогаш до денес, компанијата го проширила своето портфолио со повеќе производи од неколку категории, а од сега на македонскиот пазар ќе може да се најдат: хартии за виткање тутун, филтри, фасови, машинки за виткање тутун и туби.